Битолскиот градоначалник на средба со жителите во населбата Баир
Синоќа, битолскиот градоначалник Тони Коњановски беше на средба со жителите на населбата Баир, односно со жителите од урбаните заедници Тодор Ангелевски и Естреа Овадија Мара.
Преку кампањата „Предложи идеја“ граѓаните имаа можност директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи за подобра иднина на нашата општина.

Секој предлог е важен заедно ја градиме поубавата и посилна Битола! – порача Коњановски.


















