Антониа Гиговска е бремена и ќе се мажи со другарот од нејзиниот бивши дечко со кој раскина пред неколку месеци
Пејачката Антониа Гиговска денеска го слави својот 22 роденден, а токму денеска на нејзиниот роденден, на својот инста профил ги шокираше нејзините обожаватели и македонската јавност со нејзината објава дека наскоро ќе се оствари во улогата на мајка, споделувајќи фотографија од ултразвукот, при што напиша:
„Долго време се криевме од вас, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа. Малечко мое, од сега секој роденден ќе го славиме заедно. Среќен роденден на мене и погодете кој ќе стане мајка. Со душа те чекаме“ – е нагласено во објавата на Антониа.
Покрај оваа вест, Гиговска го откри и таткото на бебето, а тоа е Роберт Спасенцовски – музичарот кој е во нејзиниот бенд, односно другарот на нејзиниот претходен дечко со кого раскина пред само неколку месеци.
Фото: принтскрин инстаграм антониагиговска