Нико Чонески е кандидат за градоначалник на Крушево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели го ова:





























ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателот на партијата Христијан Мицоски, донесоа одлука за кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Крушево на престојните локални избори да биде Нико Чонески. Веста ја потврди и самиот Чонески на својата објава на социјалните мрежи во која се вели:

“Драги пријатели, почитувани сограѓани,

Го имам тоа задоволство да ве информирам дека ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од претседателот Христијан Мицоски, ми укажаа огромна чест и ми ја доверија одговорноста да бидам кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Крушево на престојните локални избори.

Не можам, а да не ја споделам со вас огромната радост и чувство на одговорност што во моментов ги чувствувам, од приликата да бидам дел од оние луѓе кои можеле да придонесат нешто за градот во кој сум израснал, за градот во кој свој печат оставиле моите предци, за градот во кој сакам својот животен пат да го продолжат моите деца, за градот кој неизмерно го сакам…

Почитувани мои сограѓани, можам да ветам само едно – тоа е секојдневна борба, за славните денови на Крушево да не останат само во историјата, туку допрва да ги проживееме ние и нашите следбеници” – порача Чонески.




Сподели го ова:

Слични објави