Се продолжува забраната за движење во шумите до 30 септември!
Како што соопшти министерството за земјоделство и шумарство, се продолжува забраната за движење во шумите до 30 септември! За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.


















