Оваа сабота кај прилепскиот градски часовник ќе се доделат 500 бесплатни училишни прибори од страна на Унијата на жени при ВМРО ДПМНЕ

Оваа година во Прилеп ќе започне навистина весело и разиграно. Имено, утре (сабота, 30.08.2025 година) со почеток во 11 часот пред градскиот часовник ќе започне голем детски спектакл каде ќе настапат детските музички ѕвезди од најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња” кои преку нивните весели песни ќе го најават разиграниот – весел почеток на новата учебната година во Прилеп.
А во Прилеп, како и на плоштадите ширум Македонија (како што се Охрид, Битола и сл.) последниве години највеселата журка ја прават ѕвездите од највеселиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња”, фестивал кој што од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН – ДЕТСКИ СВЕТСКИ БРЕНД!
Паралелно на тоа, утре од 11 до 12 часот кај прилепскиот градски часовник ќе се доделат 500 бесплатни училишни прибори од страна на Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Ве очекуваме на весела дружба за да сите заедно си посакаме успешна и весела нова 2025/26 учебна година.


















