Денеска во Прилеп беше одбележана 24-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак
Денеска во Прилеп беше одбележана 24-годишнината од трагичниот настан кај месноста Карпалак, каде 10 воени резервисти, храбро го дадоа својот живот за Македонија. Како и секоја година, така и оваа, одбележувањето започна вчера со положување на свежо цвеќе во касарната „Мирче Ацев“-Прилеп и пред спомен обележјето кај селото Лениште, а заврши денеска каде претставници од Владата, пратеници и бројни делегации положија свежо свеќе пред споменикот Карпалак во центарот на Прилеп.

Колку за потсетување, денеска во црквата св. Петка во населба Точила се одржа панихида за бранителите.


















