Прилепската болница ќе вработи нови 124 лица! Над 20 доктори, медицински сестри и дополнителен медицински персонал
Како што истакна директорот на прилепската болница, д-р Кире Јоноски, од страна на Министерството за финансии е добиена согласност за вработување на сите 124 лица кои беа на договор во болницата во Прилеп. Врз основа на огласот, прилепската болница ќе добие 21 доктор, 1 стоматолог, 9 медицински сестри како и дополнителен медицински персонал.

Од постоењето на прилепската болница, ова е најголем оглас досега. Директорокот Јоноски додаде дека покрај претходно вработените осум специјализанти во болницата, се очекува за скоро време Министерството да даде одобрение и за нови 10 специјализанти кои ќе работат во прилепската болница.


















