За сите оние кои постат! Денес и утре благословено е да се јаде риба
Денеска навлегуваме во шестиот ден од годинешните Петровдени пости, кои ова година ќе траат до 11 јули, а веќе утрото на самиот ден Петровден (12.07.2025) ќе се причестат сите оние кои постеле.
Овој пост е востановен во чест на светите Господови апостоли. Во овој пост се пости вака: во среда и петок не се јаде масло и вино; во понеделник, вторник и четврток се дозволува масло и вино, а во сабота и недела – масло и риба. Врз основа на ова, денес и утре слободно може да се јаде риба.


















