Аирлија! Во Општина Демир Хисар ќе започне реализацијата на трите големи инфраструктурни проекти во оваа општина
Вчера во просториите на Општина Демир Хисар, се одржа работен состанок на кој беа воведени во работа изведувачите на трите големи инфраструктурни проекти во оваа општина и тоа:
1. Реконструкција на улица во Единаковци- изведувач “БВ Инженеринг”,
2. Реконструкција на две улици во Белче- изведувач “Јоска Транс Трејд” и
3. Изградба на игралишта за тенис и баскет во Демир Хисар- изведувач “Зимак Стретен”.
Нека е аирлија!
Колку за потсетување, оваа општина откако дојде градоначалникот Најдовски доживеа комплетна позитивна преобразба.


















