Бог да го прости! Во прилепско, од удар на гром загина 34-годишник
Вчера доцна попладне, жител на прилепското село Мажучиште трагично го загуби животот по удар од гром. Несреќата била пријавена во 17:39 часот на тел број 112. Врз основа на информациите од Регионалниот центар за управување со кризи, пријавувачот навел дека лицето најверојатно било погодено од гром.
Лицето, веднаш потоа било пренесено во Итната медицинска помош во Прилеп, каде што лекарите констатирале смрт.

















