Поканети се сите! Во недела е манастирската слава на Манастирот “св. Тома” во с.Граиште
Манастирот “св. Тома” во с.Граиште-Општина Демир Хисар, спаѓа во манастирите од локален карактер. Тој бил разрушен во XVIII век а возобновен во 2002 година. Подигнат е на старите темели, со основа во форма на четирилисна детелина. Во недела (19/04/2026) е манастирската слава на Манастирот “св. Тома” во с.Граиште, а по тој повод утрото во 07h ќе имам утринска литургија а потоа следува свечен ручек и музичка забава со реномираната група “Македонија”.
Самата градба на манастирот зборува дека спаѓа меѓу најстарите манастирски цркви во Демирхисарско и Македонија. Ваква градба е вистинска реткост. Од неговиот двор како на дланка се гледаат демирхисарските села и полето. Благодарение на еден запис на фрагмент од службен минеј за месец септември од XVI век, се открива книжевната дејност во овој манастир. Книжевникот Спиридон учел, живеел и творел во манастирот кон крајот на XVI и почетокот на XVII век, во манастирската библиотека, која била сместена во една просторија од конаците кои го опкружувале манастирот.



















