Еве какво време ќе имаме за Велигден
До крајот на викендов во земјава ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе бидат крајните источни планински региони каде ќе има услови за слаб дожд. Максималните температури ќе се движат од 18 до 26 степени.
И утре (недела), ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, меѓутоа веќе од понеделник следува облачно и нестабилно време, проследено со локален пороен дожд и грмежи.


















