Денес се одбележуваат 123 години од смртта на големиот револуционер Методи Патчев
Денес, голем број на прилепчани оддадоа почит на револуционерното дело на Методи Патчев, одбележувајќи 123 години од неговата смрт.
Методи Патчев е роден на 14 мај 1875 година во Охрид а загинал откако бил предаден во 1902 година во Кадино Село бранејќи ја Македонија од турскиот аскер.

Со песна, после 24-часовна борба, Методи Патчев и неговите соборци со последните куршуми извршиле групно самоубиство.
Поклон за нивното херојство пред вечното почивалиште во Кадино Село!
Нека му е вечна слава!


















