Во нашата земја од странство се враќаат уште два пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани
Денеска се враќаат двајца пациенти, кои беа повредени во големиот пожар во кочанската дискотека. Овие пациенти беа сместени во болниците во Шведска и Литванија.
Исто така, вчера се вратија вкупно девет пациенти од Унгарија, Италија, Грција, Србија и Шведска.
Во Скопје се хоспитализирани 22 пациенти, сите стабилни и во добра состојба, од кои 8 пациенти денеска се пуштаат на домашно лекување. -Во моментот 8 пациенти се лекуваат во Клинички центар, од кои 6 на токсикологија и 2 на пластична хирургија, 6 пациенти во Стара градска болница, 5 во ГОБ 8 Септември и 3 во Систина – истакна министерот Таравари на вчерашната средба со новинарите.


















