Се бара “билет повеќе” за денешниот стендап спектакл во Прилеп! Последните билети се пуштени синоќа во продажба во КАФЕТЕРИЈА/Кафе ИН

Сподели го ова:






























Прилепчани, последните 80 билети се пуштени синоќа во продажба во Кафетерија-Кафе ИН. Побрзајте – набавете си билети бидејќи веќе ги снемува! Премиера на најновото шоу на Никола Тодороски кој заедно на сцената друштво ќе му прави Никола Братучед.

По барање на прилепската публика, најбараниот комичар и мајстор за стендап шоу – Никола Тодороски доаѓа во Прилеп во НУЦК Марко Цепенков со неговото најновото ПРЕМИЕРНО стендап комично шоу “NITRO 2” заедно со неговиот колега Никола Братучед. Настанот е закажан за деенс на 12.11.2025 во големата сала во НУЦК Марко Цепенков – Прилеп која како и минатите пати, така и сега ќе биде претесна за да ги собере сите заинтересирани, па така да не чекајте ни миг за да си набавите билети по претпродажна цена од 250 денари во Кафетерија/поранешно Кафе ИН во цветната улица во Прилеп.

Станува збор за стендап шоу, за кое со сигурност Ве уверуваме дека ќе Ве насмее до солзи, а дека ќе биде вистински спектакл -Ви гарантираме со сигурност, бидејќи нашата екипа постојано ги следи неговите настапи.

Официјално, Тодороски пред турнејата во Австралија и Шведска, доаѓа во Прилеп а веднаш потоа заминува на неговата голема турнеја во Шведска и Австралија.

Побрзајте, набавете си билети по цена од само 250 денари!!




Сподели го ова:

Слични објави