43 годишен прилепчанец со туѓа платежна картичка си пазарел по продажни места
Информација од денешниот билтен на настани од страна на МВР (17.03.2025)
СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.Џ.(43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Во периодот од 22.10.2024 до 30.10.2024 во Прилеп, пријавениот со туѓа платежна картичка направил повеќе трансакции на различни продажни места и се стекнал со противправна имотна корист во износ од 25.972 денари – информира МВР.


















