Момчето на Фросина со емотивен статус: Не ни дозволија заедно да остареме. Нашите планови ги срушија за миг
Македонскиот народ сеуште не може да се совземе од големата трагедија, која пред некој ден и се случи на младата Фросина Кулакова, која загина откако беше прегазена во Скопје. Мoмчето на Фросина, Петар Ристов, објави потресна објава на социјалните мрежи:

Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме. Нашите планови ги срушија за миг. Ти беше личност полна со љубов и разбирање за секој еден и секогаш борбена до крај се додека не си ја постигнеше зацртаната цел. Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, а ние овде ќе се бориме до последен здив ПРАВДАТА за тебе да биде задоволена и монструмот кој те покоси и не зацрни да си ја добие заслужената казна. Знам дека баш ти ни ја даваш оваа сила од горе за да станеме и да се бориме против сите кои придонесоа тебе да те снема на ваков суров начин. Знај дека беше и вечно ќе останеш најсакана АНГЕЛУ мој – истакна Ристов во својата објава на Инстаграм.


















