Премиера! “Солза и смеа” доаѓаат во Штип со нивната најнова комедија “Аџанак – Баџанак”
Штипјани ќе се смеат на секои 5 секунди! “Солза и смеа” доаѓаат во Штип со најновото комично шоу, кое ПРЕМИЕРНО ќе биде изведено во овој град. Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови во Македонија – и тоа во зголемен, проширен состав со нивната најнова урнебесна комедија. Во Штип доаѓаат на 1-ви април .2025 година, а комичното шоу е закажано за во 20h во Центар за култура – Штип, сала која ќе биде претесна за да ги собере сите штипјани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати комични ликови.
Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови. Побрзајте, билети 24/7 може да си резервирате телефонскиот број 078/ 66-77-97.