Постаро лице е заглавено во снежните наноси! Во тек е акција за негово извлекување
Врз основа на информациите од Регионалниот Центар за управување со кризи, добиле пријава за помош на лице во с. Полаки. Врз основа на ова, веднаш биле контактирани: ЛС Кочани, Црвен крст Кочани, ТППЕ Кочани и ДЗС Кочани.

Командирот на ТППЕ Кочани, има стапено во контакт со братот на лицето кое се наоѓа во с. Полаки за негова евакуација од страна на ТППЕ Кочани. Истиот ја одбива понудената помош со барање да се почека до утре. Истовремено, има ново барање да им се исчисти прво патот (концесионерот ги одржува само патиштата коишто се под асфалт, а не и споредните патишта коишто се до маалата, а што не се асфалтирани) па потоа тие да проценат дали ТППЕ има потреба да интервенира за нивна евентуална евакуација – известуваат од страна на ЦУК.


















