Вечна им слава! 17 години од хеликоптерска несреќа каде трагично ги загубија своите животи 11 припадници на македонската Армија
Денеска Министерот за одбрана заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Лафчиски, положија венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, каде пред 17 години во хеликоптерска несреќа трагично ги загубија своите животи единаесет припадници на македонската Армија враќајќи се од мировната мисија “АЛТЕА” во Босна и Херцеговина.

Оддаваме почит на нашите загинати припадници на Армијата и на нивните семејства. Да го зачуваме споменот и да не го заборавиме нивното херојско дело, за мирот и безбедноста. Во спомен на Тони Спасовски, Горан Ристовски, Бране Спасовски, Игор Ѓорески, Славчо Василев, Тони Давитковски, Јанко Шириќ, Александар Тасковски, Мики Ивановски, Александар Васиќ, Златко Вељаноски. Нека им е вечна слава! – порача министерот за одбрана Владо Мисајлоски.


















