Немаше игла каде да падне! Вриеше од верници во прилепскиот црковен храм св. Петка на првиот ден од Божик

Денес, во храмот „Св. Петка Римјанка“ – Точила, со голема духовна радост беше одбележан празникот Рождество Христово – Божик!

Беше отслужена свечена Божествена литургија, на која сослужуваа в.д. старешината протоереј Љупче Петрески, протоереј-ставрофор Димитар Алинчанец и ѓаконот Кирил Данев. Убавината на богослужението беше дополнета со прекрасното пеење на хорот „Св. Петка“, кој внесе свеченост и радост во Божикната литургија.
Храмот беше исполнет со мноштво верници, кои заеднички го прославија овој голем празник. Со голема љубов и духовен трепет, голем број присутни пристапија кон Светата Причест..
Светлината на Рождеството Христово ја осветли нашата заедница, потсетувајќи нè на радоста и љубовта со која Бог се овоплоти за спасение на човештвото.


















