За многу години! “Реки од народ” во прилепско “Жабино маало”

Сподели го ова:





























По повод утрешниот празник и патрон на нашиот град Прилеп, св. Никола. традиционално како и секоја година – така и денеска, прилепчани го посетија параклисот на Св. Никола во паркот во Жабино Маало, каде секоја година овој празник се слави заедно со жителите од тој дел од градот. Топлината и сплотеноста на оваа заедница, денеска го направија празнувањето да биде уште поубаво и посебно.

Во чест на утрешниот празник, прилепскиот градоначалник и неговиот тим, денеска ја посети изложбата на икони од Златко Лечкоски со наслов „Благовестие во бои“ која се одржа во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“. Изложбата, посветена на Св. Никола, ни понуди уникатно духовно искуство преку уметничките дела кои ја слават светлината и духовната сила на нашиот заштитник.




Сподели го ова:

Слични објави