НЕ ИМ Е ЛЕСНО НИ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КАЗИНАТА: 36 годишник со нож упатувал закани кон вработена во казино
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Ш.(36) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 22.04.2024 во казино во Гостивар, пријавениот со нож упатил закани кон една вработена – информира МВР.


















