Градоначалникот Јовчески: “Со претставници на Советот на Општина Прилеп како заедничка делегација денес положивме цвеќе пред бистата на народниот херој Страшо Пинџур во истоименото oсновно училиште во населеното место Мало Коњари”

Денеска по повод 107 годишнината од раѓањето на народниот херој Страшо Пинџур, градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески го посети основното училиште во с.Мало Коњари, каде што положи цвеќе пред бистата на Страшо Пинџур која е сместена во истоименото училиште. По тој повод, на социјалните мрежи се огласи и самиот градоначалник Борче Јовчески при што истакна:
“Со претставници на Советот на Општина Прилеп како заедничка делегација денес положивме цвеќе пред бистата на народниот херој Страшо Пинџур во истоименото oсновно училиште во населеното место Мало Коњари. На присутните им го честитав празникот по повод 107 годишнината од раѓањето на нивниот патрон со желби за успех во работата на колективот и во учењето на сите ученици”-истакна Јовчески.