За време на продолжениот викенд дожд и заладување
Како резултат на влијанието на влажна и нестабилна воздушна маса со која се соочува нашата земја, следува еден период на променливо облачно и посвежо време
кое ќе трае се до вторник.

На повеќе места од државата ќе има пороен дожд, засилен ветер и грмежи, а исто така локално се очекува да има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 l/м2).


















