Недела, 25.08.2024 во Градскиот парк во Битола голем детски музички хепенинг “KIDS MUSIC FESTIVAL”
Секое дете, своја искрена сказна – безгрижно си плете…И ете, така е и во оваа наша музичка – детска бајка која што ќе се случи во Битола. Станува збор за големиот детски музички хепенинх “KIDS MUSIC FESTIVAL”, на кој специјално за најмладата битолска публика ќе настапат голем број на детски музички ѕвезди од цела Македонија, кои специјално за најмладите битолчанчиња на 25.08.2024 година ќе допатуваат во убавата Битола.

Настанот е дел од Бит фест, и истиот е поддржан од Општина Битола, а креаторот на настанот најавува голема детска дружба, весели детски музички хитови, како и вистинска релаксација за присутните родители, бидејќи најголема релаксација за родителите е кога гледаат дека нивните деца се задоволни и среќни.

Се гледаме утре вечер во 19:30 часот во големиот градски парк во Битола на “KIDS MUSIC FESTIVAL”.


















