ИМ СЕ ПРЕВРTE ВОЗИЛОТО: Повредени пожарникари додека “пламените јазици” беснееле над нив
Неколку пожарникари од Кавадарци кои учествувале во гаснењето на пожарите, се повредиле откако нивното возило се превртило. Настанот се случил за време кога пожарникарите го бранеле селото од огнените пламени јазици.

Кога веќе било неизбежно да се повлечат за да ги спасат своите животи, тргнале со камионот со малку поголема брзина за да што побрзо го избегнат големиот оган, а нивното возило оддеднаш се превртило.
Веднаш потоа, пожарникарите биле префрлени на болница за понатамошно лекување.


















