Дечињата од прилепските градинки ја испеаа “Градинке, градинке”, по повод Меѓународниот ден на детето
Песната “Градинке, градинке”, одекна силно во центарот на Прилеп. Имено, вчера дечињата од прилепските градинки со оваа песна го одбележаа Меѓународниот ден на детето. Песната е веќе вистински детски хит и истата беше премиерно отпеана на годинешното издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. Автор на музиката и текстот на оваа песна е дело на Гоце Балада а аранжманот го изработи Рубин Димкоски од групата “Меморија”.
Вчерашниот настан беше организиран од Унијата на ЗМСТАС, предводена од Здружението „За нас“, со единствена и благородна цел, да се соберат средства за лекување на децата.
Мотото на оваа иницијатива „Да допринесеме за уште две детски насмевки“ – ја одразува нашата заедничка посветеност за подобрување на животите на најмладите и во нашето општество. Вашата поддршка и учество се од големо значење и само заедно, можеме да направиме позитивна разлика. Во името на Општина Прилеп, се заблагодарувам на сите граѓани кои се приклучија и ја поддржаа оваа хуманитарна акција. Продолжуваме со истата енергија и посветеност да ги поддржуваме ваквите настани и иницијативи, кои се од витално значење за нашата заедница – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.