На градскиот плоштад во Прилеп, на големо се слави победата на ВМРО-ДПМНЕ
Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во градот под Марковите Кули. Членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ на градскиот плоштад ја слават големата победа на проф. Силјановска Давкова.
“Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене. Горда сум и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, без нив немаше да го запознаам народот, ниту тој мене и на коалиционите партнери… Посебно сум горда на жените во Македонија…

Овој резултат е неверојатно инспиративен за мене, она што го ветив, тоа и ќе го остварам, од првиот ден. Доаѓа вториот круг, јас со должна почит ќе се натпреварувам со противкандидатот, истото го очекувам од другата страна. Горда сум особено на граѓаните, а без граѓани нема Македонија!” – истакна вечерва кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на нејзината прес конференција во Скопје.

















