АИРЛИЈА НЕКА Е! Камен-темелник на новата спортска сала во ООУ Блаже Конески
Во ООУ Блаже Конески во Прилеп беше означен почетокот на изградбата на новата спортска сала, која ќе ја користат учениците за спорт и спортски активности во ова училиште.
Прилеп може да очекува уште оваа година некаде во втората половина на годината да има дополнителни околу 4.000.000 евра кои што би биле за инфраструктурни проекти како овој кои што ќе ги понуди Општината, истакна за медиумите пратеникот Александар Николоски.


















