ЗА МНОГУ ГОДИНИ! Вечерва и утре е храмовата слава на прилепскиот црковен храм св. Благовештение

Овој најголем христијански православен храм, како и секоја година, така и оваа, достојно како што доликува, ќе го одбележи големиот христијански празник св.Благовештение-празникот кој што ни ја соопштува убавата, блага пријатна вест со која започнува спасението на луѓето и обновата на созданието, преку најавата за раѓањето на нашиот спасител-Господ Исус Христос. Имено, денеска, сабота 06.04.2024 ќе има Архиерејска Вечерна богослужба, со која ќе чиноначалствува нашиот митрополит г. Петар од 17.00 часот.
Во недела 07.04.2024 исто така ќе има Света Архиерејска литургија која започнува утрото во 8 часот
Да се помолиме на Пресветата Богородица, за што повеќе благовестија на нашиот македонски народ.