МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА! Започнуваат Илинденските празнувања во Крушево
Македонскиот народ се подготвува за прослава на големиот христијански и државен празник “2-ри август – Илинден”. Исто така, денеска во историското Крушево се очекува да пристигне Илинденската коњаница, која неколку дена патуваше, за да денес – ден пред Илинден пристигне во Општина Крушево.
И оваа година коњаницата на автентичен начин ја пренесува пораката за издржливоста и упорноста на борците за слободна, независна и самостојна Македонија.
Илинденското востание го означува почетокот на нова фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ. Овој празник не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава и на сите оние кои со своите дела и подвизи трајно се вградиле во овој чин.
Македонија вечна!


















