Репрезентативките и членки на ЏК Сеишин Прилеп Теа и Теона Настоска, овој викенд на Европскиот Куп во џудо за кадети-ки
Овој викенд викенд 18,19 и 20 Ноември во Ѓиор -Унгарија, ќе се одржи Европски Куп во џудо за кадети-ки. На ова престижно натпреварување учество ќе земат репрезентативките и членки на ЏК Сеишин Прилеп, Теа Настоска и Теона Настоска во категоријата до 44 кг во женска конкуренција.
Репрезентстивките ги предводат Селекторот Дејан Мицкоски и тренерот Мики Чадамов.
Се надеваме на поволен ждреб и успешен настап на нашите репрезентативки!!!
















