Ред е некои граѓани да покажат развиена свест и совест, и да не ги уништуваат прилепските паркови
ЈКП “Комуналец’’-Прилеп, продолжува да ги обновува спортските терени низ градов. Минативе денови комуналците работеа на спортските терени во населбите Димо Наредникот и Вишне -типски куќи.

Некои од парковите се обновуваат заради што години наназад не биле обновени, па како резултат на тоа неопходен е процес на нивно “повторно освежување”, додека пак некои од нив се обновуваат заради тоа што биле предмет на уништување од страна на несовесни граѓани.
“Ред е поедини граѓани да покажат развиена свест и совест и да се залагаат за зачувување, а не за уништување на општите добра кои се корисни за сите” – советуваат од прилепски “Комуналец”.


















