Прилеп добива ново возило и опрема за заловување на бездомните кучиња и поголема контрола на популацијата на овие кучиња



Ново возило и опрема за заловување на бездомните кучиња и поголема контрола на популацијата на бездомните кучиња, ќе има на територија на општина Прилеп. Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески заедно со градоначалниците на останатите општини кои имаа аплицирано, го потпишаа договорот со Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален развој, преку кое Министерството за локална самоуправа ѝ доделува на Општина Прилеп средства во висина од 3.500.000 денари како учество на Бирото. Врз основа на Законот за рамномерен регионален развој, за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој за 2022 и 2023 година се склучи: Договор за реализација на проектот „Подобрување на ефикасноста за заловување на бездомните кучиња и поголема контрола на популацијата на бедзомните кучиња на територија на Општина Прилеп“.

Во наредниов период Општина Прилеп ќе ги преземе сите потребни чекори за отпочнување и реализација на овој проект, кој што со сигурност ќе придонесе многу и позитивно ќе се одрази на целокупното население на општина Прилеп.


















