|

СО СРЦЕ ЗА ПРИЛЕП: Младинците на ФК Победа “лавовски” се бореа до самиот крај на натпреварот

Сподели го ова:





























Вечерва од 20.30 часот по македонско време, младинците на Победа го започнаа историскиот премиерен натпревар во Младинската лига на шампиони. Како прваци на Македонија за противник го имаа првакот на С.Ирска Колерајн. Во првото полувреме Победа водеше со 2:1 благодарение на двата гола на Филип Тодороски.

И покрај недосуден чист пенал во 39 минута црвено-белите момчиња се вратија по почетната негатива и со 2 гола на Филип Тодороски во 42 и 45+1 минута, на полувреме имаат водство од 2-1.

Во вториот дел, домаќините успеаа целосно да го свртат резултатот со головите во 52-та и 59-тата минута преку Кембел и Ватон, за да на крај конечниот резултат да биде 3-2 во корист на Колерајн. Младинците на Победа ги очекува реванш дуелот во Скопје на домашен терен.




Сподели го ова:

Слични објави