Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ дава максимална поддршка за подобрување на квалитетот на животот на секоја жена


По повод одбележувањето на месец септември како Меѓународен месец за кревање на свесноста за синдромот на полицистични јајници, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со спец. д-р за гинекологија и акушерство Билјана Кржеска, одржа предавање заради навремено откривање и можност за лекување на ова хормонално заболување и избегнување други придружни заболувања.
Потребна е добра информираност на целата женска популaција во однос на полицистичниот синдром и жените да бидат едуцирани за овој проблем со цел да биде навремено откриен и дијагностициран.