На барање на ФК “Победа”, одложен е куп мечот со ФК “Македонија Ѓорче Петров”


Како што се истакнува на Facebook групата на ФК Победа-Прилеп, на барање на ФК Победа, а со согласност на ФК Македонија Ѓорче Петров АД Скопје, и со дозвола на Комесарот за натпревари на ФФМ, осминафиналниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу ФК Победа АД и ФК Македонија Ѓорче Петров АД ќе се игра на 19 октомври (среда) од 14 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.


















