СЕКОЈА ЧЕСТ: Австралиско – Mакедонското здружение “Методија Андонов – Ченто” од Сиднеј-Австралија, обезбеди финансиски средства и истите во соработка со наставникот Гоце Бумбароски ги донираше во шест училишта од Општина Прилеп

Сподели го ова:























Дали си во татковината или си некаде далеку по светот, дење или ноќе, секогаш си во дослух со чувствата и копнежот по родниот крај, татковината родна грутка.

Австралиско – Mакедонското здружение “Методија Андонов – Ченто” кое што e непрофитна организација посветена на луѓето кои доаѓаат од Прилеп, Македонија и пријателите, со седиште во Сиднеј, Австралија (Australian Macedonian Association – Metodija Andonov – Cento, Sydney) обезбеди финансиски средства и истите во соработка со наставникот Гоце Бумбароски ги донираше во шест училишта од Општина Прилеп (ООУ Кочо Рацин, ООУ Кире Гаврилоски – Јане, ООУ Добре Јованоски, ООУ Страшо Пинџур, ООУ Рампо Левката и ООУ Круме Волнароски.)

Донацијата во износ од околу 200 000 денари беше искористена за обезбедување на различни материјали за потребите на горенаведените училишта како што се: печатари, скенери, лаптоп, телевизори, тример косачки, поликолор, топки, играчки за сензорни табли и нагледни средства за децата со посебни образовни потреби.

Tатковината е местото каде што си пораснал. Кога ќе ги затворите очите и ќе ја видите реката на вашето детство, ливадите и планините. Можете да изберете земја за живеење, но не можете да изберете друга татковина за себе, исто како што не можете да ја изберете сопствената мајка.Голема благодарност за несебичната донација со надеж дека ваквата практика ќе продолжи и во иднина.

 Нашите исселеници се нераскинлив дел од нашата татковина, тие секогаш со срцето се со нас и несебично помагаат за поквалитетно образование на нашите најмили, иднината на Македонија…



Сподели го ова:

Слични објави