ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ: Од денеска голема промена на скопскиот аеродром

Денеска, „ТАВ Македонија“ ќе ја заврши реконструкцијата на пистата на Меѓународниот аеродром Скопје. Врз основа на ова, веќе денеска од 17 часот, летовите ќе почнат да се одвиваат во текот на целото деноноќие. Колку за потсетување, градежните работи на пистата почнаа на 28 март, при што распоредот на летови беше целосно изменет, па како резултат на тоа летовите се одвиваа од 17 часот па се до 9 часот секој ден, а во останатиот временски период цели 62 дена, се работеше на пистата долга 2950 метри и широка 45 метри.
Од ТАВ Македонија потенцираат редовно да се проверуваат и следат веб-страниците на авиокомпаниите, со цел нивните патници да бидат во тек со евентуалните измени за летовите и пристигнувањата на Меѓународниот аеродром-Скопје.


















