МИНИСТЕРОТ ЉУТКОВ: Состојбата на културно-историските споменици и археолошки локалитети во Охрид е загрижувачка!

Сподели го ова:


























Денеска во вилата “Билјана” во Охрид, претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова и Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, остварија средба со Џулијан Рахлин, „виртуозот на виолина“ кој вечерва на сцената на Антички театар заедно со Националната филхармонија ќе го отвори 64 издание на најголемата и најпрестижна културно-сценска манифестација во Македонија – Фестивалот „Охридско лето“.

Веднаш потоа, министерот Љутков оствари средба и со охридскиот градоначалник Кире Пацков и со в.д. директорот на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.

“Денес со в.д. директорот на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Пaтчев остваривме работен состанок во Општина Охрид со градоначалникот Кирил Пецаков со цел да изнајдеме решение за продолжување на имплементацијата на проектите кој досега биле целосно блокирани. На состанокот стана збор за отпочнување со изработка на 19 детални урбанистички планови во старото градско јадро, а беше потенцирано дека Комисија за Управување со светско природно и културно наследство во Охридскиот регион, која е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање не е во функција, односно од јануари до денес е одржан само конститутивен состанок.

Негрижата во изминативе години може да остави трајни последици врз културно-историските споменици и археолошки локалитети во Охрид, е заклучокот од денешната посета на Плаошник еден од најзначајните културни простори во Македонија. Поради досегашната скромна финансиска поддршка неопходно е да се обезбедат средства за изработка на Проект за конзерваторско – реставраторски работи и партерно уредување на целиот археолошки локалитет, и интензивно да продолжат градежните активности на објектите кај кои веќе е забележана штета” – истакна министерот Љутков.




Сподели го ова:

Слични објави