Битолскиот градоначалник Коњановски со честитка по повод државниот празник 24 мај – Денот на сесловенските просветители браќата „Свети Кирил и Методиј

Сподели го ова:


























Светите браќа Кирил и Методиј имаат бесценето историско, духовно и културолошко значење за македонскиот народ и за сите народи кои имаат старословенско потекло. Нивната мисија за ширење на христијанската мисла и нивните дела претставуваат неисцрпна инспирација за човештвото и целокупниот цивилизациски напредок. По повод денешниот празник, искрена честитка до граѓаните упати и битолскиот градоначалник Тони Коњановски. Имено, неговата честитка до граѓаните, Ви ја пренесуваме целосно во прилог на оваа објава:

“Почитувани сограѓани,Дозволете ми да ви го честитам големиот државен празник 24 мај – Денот на сесловенските просветители браќата „Свети Кирил и Методиј“.Нивната мисија,претставува огромен придонес кон поставување на темелите на писменоста на нашиот народ и на останатите словенски народи, како сила на хуманоста, која обединува, го поттикнува творештвото и создава напредок.Просветителската дејност на „Свети Кирил и Методиј“ и нивното големо дело, денес се нашиот патоказ за чување и негување на сопствениот јазик и идентитет, развој на културата, образованието и насока за начинот на кој треба да ги градиме општествените вредности, преку меѓусебно разбирање, почитување и соработка.Нека ни е честит и вековит 24 мај – Денот на сесловенските просветители браќата „Свети Кирил и Методиј“-истакна Коњановски во својата честитка до граѓаните.




Сподели го ова:

Слични објави