НА ПОМОШ И ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Утре е црковната слава на еден од најубавите прилепски црковни храмови
Утре е славата на еден од најубавите прилепски црковни храмови-црквата св.Кирил и Методиј-ПАРАКЛИС-во Прилеп. По повод утрешната слава, овој прилепски црковен храм до прилепските верници го упатува следното
СООПШТЕНИЕ
По повод храмовиот празник – Светите рамноапостолни Кирил и Методиј во нашиот храм ќе се богослужи:
23 мај со почеток во 17 часот – празнична Вечерна богослужба
24 мај со почеток во 07 часот – празнична Утрена богослужба и Света Архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар со други архиереи.
На помош да ни бидат светите Сесловенските и Семакедонски учители и просветители, а празникот многу години! – истакнуваат од црквата св.Кирил и Методиј- Прилеп.



















