Украинскиот претседател е подготвен да разговара за посветеноста на Украина да не бара членство во НАТО во замена за прекин на огнот, гаранција за безбедноста на Украина и повлекување на руските војници

Сподели го ова:


Украинскиот Претседател-Зеленски е подготвен да разговара за посветеноста на Украина да не бара членство во НАТО во замена за прекин на огнот, повлекување на руските војници, како и гаранција за безбедноста на неговата земја, при што самиот тој нагласи дека доколку не се сретне со рускиот претседател тогаш во таков случај невозможно е да се разбере дали Русија воопшто сака да ја запре војната. „Тоа е компромис за сите-за западот кој не знае што да прави со нас во однос на НАТО, за Украина, која сака безбедносни гаранции и за Русија, која не сака понатамошно проширување на НАТО,, нагласи Зеленски. Украинскиот претседател потенцираше дека Киев ќе биде подготвен за разговор за статусот на Крим и источниот регион Донбас што го држат сепаратистите поддржани од Русија, по прекинот на огнот и чекорите кон обезбедување на безбедносни гаранции.





Сподели го ова:

Слични објави