“Женска тепачка” во прилепскиот Центар за социјални работи! Две колешки, физички си ги одмериле силите
Физичка пресметка помеѓу две колешки, се случила во Центарот за социјални работи во Прилеп. Настанот се случил вчера, 21 октомври 2025 година, нешто околу 14:45 часот.
Имено, 45-годишна вработена била нападната од своја колешка додека била на нејзиното работно место, а нападнатата жена случајот веднаш го пријавила во ОВР-Прилеп.
Се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот, од страна на МВР.
















