ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ: Полицајците и командирот од Идризово признаа дека помогнале во реализација на филмското бегство на Беким Мемети
Командирот Срѓан Димитријевски, како и тројцата полицајци од затворот „Идризово“ конечно признаа дека самите тие учествувале во релизација на познатото филмското бегство на Беким Мемети, кој што беше осуден на над 20 години затворска казна.
Врз основа на казните, командирот Димитријевски е осуден на казна затвор од три години, затворскиот полицаец Трајче Ацковски е осуден на казна затвор од три години, додека пак И.А. (кој учествувал во реализација на планот за бегство) доби 1,5 години затворска казна. Што се однесува пак до Т.П. кој е вработен во „Идризово“, е осуден условно при што неговата казна нема да се реализира доколку во следните 3 години не направи ново кривично дело.
Овие казни не се правосилни, па како резултат на тоа Обвинителството и одбраната можат да се жалат во Апелација.
Колку за потсетување, филмското бегство за кое што се осудени овие лица беше во јануари, каде бегалецот Беким Мемети сам си ја расече раката.