НАШАТА ЧУДЕСНА ЗЕМЈА! За задоцнета рата од брз кредит платила 8 пати повеќе?!

Сподели го ова:
























Една наша државјанка која задоцнила со враќањето на брз кредит ја чинело 8 пати повеќе, отколку самиот износ на доделениот кредит. Ова е еден од примерите со кои недоволно презцизираната законска регулатива ги втурнува граѓаните во огромни долгови и често во должничко ропство, нагласи денеска народниот правобранител Насер Зибери при презентација на Извештајот за 2022 година.

За да има јавноста претства што борувам, ќе илустрирам со еден пример. Земен кредит од 9.000 денари, за доцнењето на неговата исплата навистина како во рекламите, не се наплатува камата, меѓутоа се наплатуваат огромни трошоци. Така, за конкретниот пример на име достасан надоместок наплатени се 2.026 денари, за надоместок за доцнење дури 58.846 денари, па кога на ова ќе се додаде износот за пратената опомен 5.900 денари, долгот ја достигнува сумата од 75.772 денари, што е сума 8 пати поголема од долгот – рече омбдусманот во однос на ваквата состојба во нашата земја.




Сподели го ова:

Слични објави