Овој вторник во Охрид, премиера на најновата комедија од “Солза и смеа”
Охриѓани ќе се смеат на секои 5 секунди! “Солза и смеа” доаѓаат во Охрид со најновото комично шоу “Чорапаи”, кое ПРЕМИЕРНО ќе биде изведено во овој град. Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови во Македонија – со нивната најнова урнебесна комедија, каде ги полнат салите до последното место! Во Охрид доаѓаат на 18.11.2025 година (вторник) а комичното шоу е закажано за во 20h во НУЦК Григор Прличев, сала која ќе биде претесна за да ги собере сите охриѓани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати комични ликови.
Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови. Побрзајте, билети може да си резервирате 24/7 на тел. 077/ 867-169.
















