НИШТО НЕ БЕШЕ КАКО ЛАНИ: Заврши годинешниот Вевчански карневал

Сподели го ова:


























Вевчански карневал – најпознатиот вевчански бренд, традиционално и оваа година се одржа изминатиот викенд, односно на 12-ти, 13-ти и 14 Јануари. Нема потреба од премногу објаснување и асоцијации, штом се спомене Вевчани, веројатно веднаш на сите им асоцира на ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ, кој традиционално се организира пред Василица. Така е со векови, а можеби и со милениуми, една од најстарите традиции на Македонија и  Вевчани која се претпоставува дека има континуитет најмалку 1500 години.

Без зурли и тапани, како и без традиционалното оро, оваа година се одржа Вевчанскиот карневал, а сето тоа беше поради загинувањето на млад жител од Вевчани. Како резултат на тоа беше откажан забавниот дел од оваа манифестација. Оваа година имаше само симболично дефиле под маски, но без музика, тапани и зурли.




Сподели го ова:

Слични објави