Започна процесот на асфалтирање! Битолчани ќе ги пречекуваат прилепчани со ултра модерен булеварски влез
Започна процесот на асфалтирање на влезот во Битола – од страната на Прилеп. Станува збор за еден вреден проект – реконструкција на коловоз во должина од 1,3 километри на потегот од „Лук Оил“ до ГУП, односно до самиот влез во градот кај таблата што пишува Битола.

Делницата која опфаќа не само нов коловоз туку комплетен булеварски влез со ширина од 27,5 метри, ширина на двата коловози од по 7,5 метри, со урбано уредена површина која ќе ги разделува двата коловози со пешачки и велосипедски патеки од 5,5 метри од по страните. Влез кој заслужува да биде направен, затоа што беше болна точка, беше влез кој недоликуваше за Битола.

















